НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Анкара, експлозија и во Истанбул

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експлозивна направа со мала разорна моќ експлодираше денеска во азискиот дел од турската метропола Истанбул, при што се искршени прозорци на повеќе објекти, но за среќа нема жртви, пренесува Reuters повикувајќи се на турските медиуми.

Станува збор за последен во серијата напади пред најавеното прогласување примирје што го навести историскиот лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PPK), Абадула Оџалан.

Засега нема информации за целта на овој бомбашки напад.

Претходно турското министерство за правосудство и канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во која се наоѓа и канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, во турската престолнина Анкара беа нападнати со импровизирани експлозивни направи ноќта кон средата. Двата објекта се нападнати со бомби од рачна изработка, и лесни антитенковски проектили истрелани од рано вооружување.

Досега никој не ја презема одговорноста за овие напади, ниту има информации за поврзаност на двата напада.

Последниот сличен бомбашки напад го изведе припадник на екстремната левичарска група марксистичката Партија/Фронт на ослободувањето на турскиот народ (DHKP-C) кој на 1-ви февруари се разнесе пред влезот во американската амбасада при што загина и турскиот припадник на обезбедувањето на дипломатското претставништво.

Инаку во операција против DHKP-C изведена во вторникот наутро во турската метропола Истанбул беа уапсени најмалку 12 лица од оваа група, којашто и претходно изведуваше одмазнички напади по апсења на нејзините припадници. Запрашан дали DHKP-C стои зад нападот од вторникот ноќта во Анкара, министерот Ѓулан изјави дека „засега неме цврсти докази”.

Експлозиите во Анкара и во Истанбул се случија пред да се случи најавениот повик на прекин на огнот од страна на затворениот лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Абдулах Оџалан, кој од ланскиот октомври преговара со највисоките турски челници за сопирање на судирите кои во последните 28 години однесоа повеќе од 40 илјади животи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.