Новата реклама за парфемот на Шанел е продукциски совршен краток филм со младата британска актерка Кира Најтли во главната улога.
Таа е заштитно лице на славниот француски бренд, а светските медиуми јавуваат дека ќе ја отелотвори и самата Коко Шанел во филмот што ќе го режира главниот дизајнер, легендарниот Карл Лагерфелд по повод 100 години од постоењето на компанијата.