Претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи ја започнаа седмата рунда на разговори за нормализирање на односите Белград – Приштина, соопшти пред новинарите Маја Коцијанчич, портпарол на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.
Дачиќ предходно се сретна со Филип Рикер, американскиот дипломат задолжен за Западен Балкан.
Се очекува денесшната рунда разговори, посветена пред се на северниот дел на Косово, да потрае до попладневните часови.
За евентуален датим за почеток на преговори на Србија со ЕУ, министрите за надворешни работи на земјите членки би требало да одлучуваат на 22. април во Луксембург.
Нивната одлука во најголема мерка ќе биде условена од извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, кој ќе биде поднесен на 16. април.