Published: Tuesday, October 20, 2015 12:26
Параолимпискиот атлетичар Оскар Писториус е пуштен од јужноафриканскиот затвор во Преторија и префрлен во домашен притвор по безмалку една година, откако беше осуден на пет години затвор за убиството на неговата девојка.
Писториус во февруари 2013 година ја застрела неговата девојка Рева Стенкамп, низ заклучената врата на бањата во неговата вила. Во октомври минатата година, тој беше осуден за ненамерно убиство.
Родителите на убиената Стенкамп не го коментираат ослободувањето на Писториус, но
нејзините блиски сметаат дека Писториус “лесно поминал“, пишуваат медиумите од светот.
Јужноафриканското Обвинителство поднесе жалба до Врховниот суд, а расправата околу жалбата е закажана за 3 ноември.




