Надворешно-политичкиот одбор на словенскиот парламент едногласно ја поддржа ратификацијата на хрватскиот пристапен договор со ЕУ.
Како што јавува агенцијата Бета, на тој начин се отвора патот за негова ратификација во парламентот.
Словенија е последната земја од ЕУ која го започна процесот на ратификација на хрватскиот пристапен договор кој мора да биде финиширан пред 1. јули кога Хрватска влегува во ЕУ.
„Денеска е среќен ден за Хрватска и Словенија. Започнуваме ново поглавје во односите меѓу двете земји“; рече на седницата, министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец.
Главниот спор беше околу Љубљанска банка кој двете страни го решија со потпишување на меморандум за соработка на 11. март.
Покрај Словенија, уште четири членки на ЕУ го немаат завршено процесот на ратификација на хрватскиот договор со ЕУ.