Лидерот на канадската Либерална партија, Џастин Трудо е победник на парламентарните избори, со што завршува десетгодишното владеење на досегашниот премиер Стивен Харпер.
Неговата партија освои речиси 40 проценти од гласовите, и од вкупно 338 пратенички места во парламентот ќе има најмалку 184, што на Трудо ќе му овозможи да формира влада без да зависи од остантите партии.
Претходно ЛП имаше само 34 пратенички мандати.
Конзервативната партија на Харпер, освои 100 места во парламентот. Победата на 40-годишниот Трудо би можела да доведе до подобрување на односите со Вашингтон, бидејќи досегашниот премиер Харпер беше незадоволен од неодлучноста на американскиот претседател Барак Обама околу изградбата на нафтовод од Алберта до Тексас, како и поради различното мислење во однос на нуклеарниот договор со Иран.




