Унгарската снимателка, Петра Ласло која предизвика гнев во светот откако на видео-снимка беше забележано како шутира беспомошни бегалци, во интервју за руски весник најави тужба за еден од бегалците на кој му стави сопка, како и социјалната мрежа „Фејсбук“.
Таа вели, „Фејсбук“ не ги тргнал заканувачките пораки упатени до неа и спротивно на тоа, ги забранил групите формирани за да и дадат поддршка.
Ласло најави тужба и за Осама Абдула Мосен, кој беше сопнат од неа додека бегаше со своето дете во раце.
Според неа, тој го променил својот исказ, што резултирало со омраза кон неа.
– Тој го промени исказот откако најпево ја обвини полицијата. Мојот сопруг сака да ја докаже мојата невиност, вели таа.
Бидејќи се чувствувала загрозена, таа за рускиот весник вели дека можно е со семејството да се пресели во Русија.
Од друга страна, Мосен, фудбалски тренер по професија, по инцидентот доби покана од шпанска фудбалска школа за тренери, со своето семејство да се пресели близу преградие во Гетафе.
Тој во Шпанија живее со своите три деца и сопругата. Од Шпанија добија стан, храна, облека и работа.




