Со порака дека е горд што САД е на страната на Израел, американскиот претседател Барак Обама пристигна во Тел Авив.
Цел на неговата посета во еврејската држава е зајакнување на односите и посветеноста на Америка кон сочувувањето на безбедноста во земјата и во регионот.
„Ја гледам оваа посета како можност за зајакнување на нескршливата врска помеѓу двете земји, и да ја потврдам непоколебливата посветеност кон безбедноста на Израел и да зборувам директно со народот на Израел и вашите соседи“, изјави Обама на церемонијата на аеродромот во Тел Авив.
Обама со израелските лидери ќе разговара за иранската нуклеарна програма, сириската војна, египетските немири и палестинските преговори, кои се во застој.
„Убеден сум во декларирањето дека нашиот сојуз е вечен, и засекогаш“, рече Обама користејќи зборови од еврејскиот јазик.
Според него, Израел и САД се заедно, бидејќи мора да се воспостави мир во Светата земја.
„Иако сме свесни за тешкотиите , ние никогаш нема даја изгубиме визијата за Израел во мир со своите соседи“, додаде американскиот претседател.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот шеф на државата за конзистентната американска поддршка кон Израел.