Десетгодишната А.Ѓ. од Бела Паланка од Србија била прогласена за мртва откако итната помош одбила да дојде на повикот од нејзинот татко Милован Ѓорѓевиќ.
Таткото на починатото девојче во три часот повикал итна помош и побарал доктор, затоа што девојчето имало екстремно отежнато дишење.
-Кога повикав итна помош, медицинската сестра ми рече дека докторот моментално спие. Неколку минути подоцна пак вртев и ми се јави докторот. Почна да се кара со мене. Го молев да дојде и да не губи време во карање, му кажав дека ќерка ми тешко дише, вели Ѓорѓевиќ.
Откако лекарот го упатил да повика полиција, таткото тоа и го направил со што била констатирана смрт на детето.
Резултатите од обдукцијата ќе покажат дали постои одговорност на лекарот или не. За сега не постои кривична пријава до полицијата или до обвинителството против лекарот”, велат од полициска станица во Пирот.