Во судар помеѓу камион и автобус во Франција утринава во 7.30 часот загинаа најмалку 42 луѓе. Несреќата се случила во југо-западот на Франција во близина на градот Либурн, јави радиото Европа1.
«Камионот пренесувал дрва и се наоѓал на средина на патот на една кривина. Се уште не се знае зошто стоел на средината на патот», изјави градоначалникот на Писеген.
Загинале повеќе патници на автобусот и шоферот на камионот. Двете возила фронтално се удриле и се запалиле. Осум лица успеале да се извлечат од возилата и од огнот а од нив пет се лесно повредни и тројца се без повреди.
Патниците биле постари луѓе кои биле на пат за Берлин.
Шеесетина пожарникари се наоѓаат на местото на несреќата.
Ова е една ид најстрашните сообраќајни несреќи во Франција. Во јули 1982 година во една несреќа загинале 53 луѓе од кои 44 биле деца.




