Откако му даде ултиматум на премиерот Мило Ѓукановиќ да поднесе оставка до сабота, црногорската опозиција вечерва повторно излегува на протести. Протестот е одобрен од страна на полицијата предупредувајќи дека се можни инциденти.
Демократскиот фронт во Подгорица протестира речиси 20 дена, а црногорскиот премиер рече дека владата сериозно разгледува на барањата на опозицијата, но и дека одлучила барањето за оставка дека нема основа.
Освен што неодамна рече дека Русија стои зад протестите на опозицијата, Ѓукановиќ истите ги оцени како антидржавни со цел да се спречи државата да добие покана од НАТО во почетокот на декември.
Организаторите на вечерашните протести ги повикаа сите опозициски партии да се приклучат.
Освен барањето за оставка, Демократскиот фронт бара и формирање на преодна влада и распишување на предвремени избори.
Демонстрациите на опозицијата минатиот викенд прераснаа во граѓанско незадоволство откако полицијата употреби сила врз демонстрантите.




