Published: Saturday, October 24, 2015 21:42
Претседателот на црногорскиот Парламент, Ранко Кривокапиќ порачал дека во Законодавниот дом ќе разговара со Демократскиот фронт за нивното барање за преодна влада.
Тој од пратениците кои се вечерва на големиот протест на централниот плоштад во Подгорица побарал да влезат во Парламентот и да разговараат на темата, пренесуваат црногорските медиуми.
Црногорски „Вјести“ ја потврдува оваа информација.
Досега протестите, на кои присуствува масовен број луѓе се одвиваат без инциденти.
Организаторите на протестот од Демократскиот фронт, му порачаа на премиерот Мило Ѓукановиќ и на спикерот Кривокапиќ дека оваа вечер мора да поднесат оставка и да ги прифатат барањата на опозицијата и граѓаните за преодна влада.




