Published: Sunday, October 25, 2015 22:33
Телата на 43 мигранти беа најдени денес на плажите во Либија на исток од Триполи. Се очекува уште тела да испливаат од водата од несреќата на еден брод, јави либиска невладина организација.
“Жителите на овој регион ни јавија дека виделе мртви тела на плажите околу пристаништето Злитен. Ние откривме 25 тела а потоа уште четири други”, изјави портпарол на организацијата за АФП.
Тој не даде детали за земјата на потекло на овие загинати мигранти но официјалната прес агенција на Либија јави дека тие доаѓале од повеќе земји од Африка.
На 40 км на запад се најдени уште 14 тела.
Според информациите, жртвите патувале со мал брод кој потонал блиску до Злитен.




