Евроскептичната опозициска партија Право и правда (ПИС) победи на вчерашните парламентарни избори во Полска и ќе има апсолутно мнозинство во Долниот дом на Парламентот.
Со тоа се става крај на осумгодишното владеење на десноцентристичката Граѓанска платформа (ПО).
Потпретседателката на ПИС, Беата Шилдо (58) изјави дека ќе биде идниот премиер на Полска ако официјално бидат потврдени резултатите од анкетата дека партијата на Јарослав Качински освои апсолутно мнозинство.
Според резултатите од излезните анкети ПИС освоила 242 од 460 места во Долниот дом на Парламентот, а ПО освоила 133 пратенички места.
Актуелната премиерка и претседателка на ПО, Ева Копач го призна поразот на изборите. Првпат во историјата на Полска за премиерскотот место претендираа две жени.




