Рускиот претседател Димитри Медведев се закани дека Русија можеби ќе мора да го ревидира уделот на своите девизни резерви, ако ЕУ и понатаму се обидува да ја реши финансиската криза во Кипар на штета на руските интереси.
Руските девизни резерви изнесуваат 537 милијарди долари, четврти по големина во светот. Околу 42 проценти од износот е во евра.
„Можноста за вонреден данок кој што ЕУ го наметнува на банкарските заштеди во Кипар, меѓу кои голем дел е руски капитал, тоа е причина да размислуваме за уделот на еврото во нашите девизни резерви“, изјави Медведев.
„Ако е е тоа можно на Кипар, зошто подоцна нема да биде можно во Шпанија, Италија или во другите земјикои имаат финансиски проблеми. Утре таму ќе ги конфискуваат заштедите“, вели Медведев.
Тој оцени дека пристапот за решавање на Кипарската криза е сосема погрешен и повика да се изнајде нов начин кој нема да им наштети на односите Русија – ЕУ.