Долго најавуваната посета на Израел на американскиот претседател Барак Обама, на стартот доживеа „пропаст“, откако неговиот оклопен автомобил застана сред Ерусалим поради предходно наточено погрешно гориво.
Возачот на бензинска пумпа, наместо бензин, наточил дизел гориво во лимузината популарно наречена „ѕверка“, пренесува CNN.
Поради дефектот израелските и јорданските власти започнаа со потрега по ново возило од магацин во Јордан кое беше донесено до аеродромот Бен Гур во Ерусалим, за да го земе американскиот претседател.