Еден единствен глодар предизвикал краток спој на елетричното напојување на системот за ладење на базенот со нуклеарно гориво.
По тешкото оштетување на нуклеарната централа „Фукушима 1“ жртва е едно „мало животно“, објави прес службата на токиската елетродистрибуција.
„Малото животно„ е еден обичен глушец, објавуваат јапонските медиуми.
Краткиот спој го прекина напојувањето на електрична енергија во системот за ладење, по што температурата во базените со гориво започна да расте.
Оттука и стравот дека би можело да дојде ослободување на радијација од централата „Фукушима 1“.