НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Радио Слободно Скопје“ – личен бунт против репресираната слобода на мислење

0
By Нова ТВ on October 30, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Радио Слободно Скопје“ е личен протест на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ против медиумските, како што ги нарекува тој, (не)слободи. Во разговор за Радио Слободна Европа, Јовановиќ вели идејата ја имал неколку години но не успеал да ја реализира.

– Идејата ја имав неколку години наназад и после еден неуспешен обид да ја раеализирам надвор од земјава под друго име, кога ја добив поканата од Центарот за современи уметности од Скопје, некако природно ми дојде да пробам повторно да го реализирам овој проект. Инаку, претходно во Канал 103 со некои мои колеги, неколку години, ја работевме емисијата „Свирачиња“ така што можре да се каже дека имам одредено искуство со овој медиум. Од друга страна загрижен сум, не само како и луѓето од медиумите туку и воопшто како граѓанин за медиумските слободи кај нас во Македонија. Така што тоа беа некои појдовни точки за да се определам да го работам проектот, вели тој.

„Радио Слободно Скопје“, е шестдневен радио зафат (стриминг-интернет радио) кое се реализира од 27 октомври, во Мобилно/Монтажна галерија која за оваа пригода е трансформирана во објект-радио приемник, а нејзината внатрешност е претворена во студио од кое ќе се емитува програма со различни содржини од кои дури цели 20 часа се продуцирани специјално за оваа пригода.

– Радиото е мој личен протест кон медиумските слободи во Македонија. Имам чувство дека живееме во време кога слободата на мислење е се повеќе репресирана. Од друга страна просторот за култура што постои во електронските и во пишаните медиуми е се помал и помал. Познавам доста новинари и мислам дека голем дел од нив го делат ова мое мислење. Така што, на крај, ова е некој мој скромен обид да допринесам кон актуелизирање на овие теми, на овие проблеми во нашето општество кои секако и регионално се многу актуелни, дополнува Јовановиќ.

Тој засега е несигурен за ефектот кој ќе произлезе од делувањето на РСС. Но смета дека концептот на проектот ќе може и после периодот од шест дена да се повторува.

Зошто името „Радио Слободно Скопје“, Јовановиќ вели нема логичен одговор а се наметнало природно иако работниот наслов на проектот бил „Ново Радио Луксембург“.

„Радио Слободно Скопје“ слушателите ќе имаат можност да проследат: паравести, разговори и предавања, радиодрами и музика.

Рамадан Рамадани ќе чита делови од своите прозни дела „Трошки“ и „Политички анализи“. Ќе биде емитуван разговорот со Анастас Вангели – „Вуна во Кина“, предавања на Владимир Јанчевски и на Гоце Наумов, а тука се и оние во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје (Катерина Колозова, Светлана Слапшак, Артан Садику…).

Во етерот ќе се чуе и провокативната дискусија меѓу Никола Гелевски, Борис Буден, Љубомир Фрчковски и Жарко Трајановски во организација на „Контрапункт“, разговор со режисерот Желимир Жилник и др.

Ќе биде емитувана и емисијата „Кој се плаши од… “ со Александра Бубевска, посветена на табуизираните теми во нашето општество: луѓето со попреченост, геј-правата и феминистичките прашања. Ќе има и контактни емисии со наслов „Ало, извршителе!“ и „Алоооооооооооооооооооооо!“, а во музичкиот дел ќе може да се проследат концертите на „Поклон“ и на „Супрематистички човек“.

Планирано е и одново заживување на радиодрамата како израз и од таму на програмата ќе се најдат „Животинска фарма“, „Голема работа“, како и драми од архивата на Македонска радиодрама.

Посебно поглавје од проектот се и интервјуата со македонските писатели, па така зад микрофонот на „Радио Слободно Скопје“ се очекуваат Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски и други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.