Министерот за економија Беким Незири денеска изјави дека состојбата во економијата зависи од епилогот од политичката криза и дека партиите кои учествуваат на преговорите мора да изнајдат решение.
„Јас сум оптимист и мислам дека сите фактори што учествуваат во преговорите треба да ги надминат дневно-политичките идеи и дневно-политичките политики на своите партии и да го гледаат интересот на државата како приоритет и да излеземе од кризата. Дел од економијата веќе трпи, тоа го најави и гувернерот на Народната банка, тоа го најавив и јас во моите излагања – дека е неминовно економијата да трпи зашто политичката криза е директно врзана со инвестициите, со трговската рзмена со другите држави и ние ќе трпиме штети“, рече Незири по манифестацијата „Калдрма матине“.