Милитантна група од Египет поврзана со организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за уривањето на рускиот авион утринава.
Сите 244 луѓе патници вклучително и екипажот кои биле во летот на рускиот авион се загинати, потврдија властите во Египет.
Според информациите на Министерството за цивилната авијација на Египет, авионот А-320 со лет KGL9268 полетал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург во 5.51 часот утрово. Тој исчезнал од радарите по 23 минути лет. Авионот паднал во централниот дел на област во планински регион меѓу градовите Ел Кант и Ел Лаксима, крај градот Ел Хасна.
Руската амбасада во Каиро, потврди дека нема преживеани во несреќата на рускиот патнички авион кој што се урна во Египет. На официјалната страница на социјалната мрежа, амбасадата, изјави дека сите луѓе во авионот загинале.
Поголемиот број од патниците се руски државјани кои биле на одмор во Шарм ел Шеик.




