Руското министерство за сообраќај ги отфрли медиумските наведувања дека рускиот патнички авион, кој што рано утрово се сруши на Синај, бил срушен од страна на терористи.
– Извесни медиуми сега објавуваат непроверена информација дека рускиот патнички авион на патот од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург наводно бил соборен со ракета земја-воздух која што ја лансирале терористи, изјави рускиот министер за сообраќај, Максим Соколов.
– Таа информација не може да се смета за веродостојна, додава Соколов.
Египетскиот огранок на екстремистичката група Исламска држава (ИС) денес соопшти дека неговите припадници го собориле патничкиот авион кој што се сруши на Синајскиот полуостров, при што загинаа сите 224 патника и членови на екипажот.
– Војниците на калифатот успеаа да соборат руски авион на Синај, се наведува во соопштението објавено на друштвените мрежи, пренесе АФП.
Според информациите на Министерството за цивилната авијација на Египет, авионот А-320 со лет KGL9268 полетал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург во 5.51 часот утрово. Тој исчезнал од радарите по 23 минути лет. Авионот паднал во централниот дел на област во планински регион меѓу градовите Ел Кант и Ел Лаксима, крај градот Ел Хасна.
Руската амбасада во Каиро, потврди дека нема преживеани во несреќата на рускиот патнички авион кој што се урна во Египет. На официјалната страница на социјалната мрежа, амбасадата, изјави дека sите 244 луѓе патници вклучително и екипажот кои биле во летот на рускиот авион се загинати.
Поголемиот број од патниците се руски државјани кои биле на одмор во Шарм ел Шеик.




