Published: Sunday, November 1, 2015 10:25
Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија во 7 и 26 ч, објави Европскиот Медитерански сеизмолошки центар.
Освен во Албанија, земјотресот се почувствувал и Македонија и во Црна Гора.
Само шест минути порано во Албанија на исто место е регистриран уште еден послаб земјотрес, со јачина од 3,3 степени по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил 34 км источно од Тирана, на длабочина од 10 км.
Земјотресот е почувствуван во делови на Дебар, Скопје и Тетово.
Засега нема податоци за евентуални штети и повредени.




