Published: Sunday, November 1, 2015 18:52
Партијата за правда и развој (АК) на Ердоган освоила 51, 9 отсто од гласовите, јавуваат турските медиуми.
Со ова според првите неофицијални резултати партијата се стекнала со убедливо водство и со шанса за формирање на самостојна влада
Високиот изборен совет (ЈСК) во 19:00 часот според турско време ја укина забраната за објавување на резултатите од изборите.
Според првичните, неофицијални резултати од изборите досега се преброени приближно 86,5-отсто од гласовите. Излезеноста на гласање била околу 88,2-отсто.




