Откако беа објавено првичните резултати од предвремените парламентарни избори во Турција вечерва избија судири во главниот курдски град на југоистокот на Турција, јавуваат турските медиуми.
Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција, покажуваат резултатите по пребројување на 94,78 отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ. Со ова АКП го враќа парламентарното мнозинство и ќе има 317 места од вкупмо 550 во Парламентот.
За опозициска Народнорепубликанска партија гласале 25,14 отсто од гласачите и таа ќе има 134 места, додека партијата на Националистичко движење освои 12,02 отсто и ќе има 43 пратеници.
Прокурдската Демократска партија доби 10,06 проценти од гласовите, со што го мина десетпроцентиот изборен праг и ќе има 56 пратеници.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој гласаше денеска на предвремените парламентарни избори во Истанбул нагласи дека сите треба да го почитуваат изборот на гласачите.
– Околу 54 милиони луѓе треба да гласаат денеска. Тоа е неопходно, бидејќи претходните избори на 7 јуни не донесоа стабилност и не овозможија формирање Влада. Стана очигледно колку е важна стабилноста на нашиот народ, чиј избор сите сме должни да го почитуваме, рече претседателот Ердоган.




