Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша се повлекува од активната политика, откако ја загуби довербата на Парламентот кон крајот на минатиот месец, соопшти денеска неговата конзервативна Словенечка демократска партија
По обвинувањата за корупција и протестите против мерките за штедење и политичките елити во земјата, парламентот и изгласа недоверба на владата.
Во соопштението од неговата партија се вели:
„Претседателот на СДС, Јанез Јанша, во изминатите денови доби неколку покани од европски и американски институции за учество на повеќе конференции. Тој беше поканет да работи како советник на неколку влади. Очекува до крајот на годинава да објави и две книги, соопштуваат од СДС“.
Во меѓувреме, Аленка Братушек, новиот словенечки премиер, чиј кабинет беше избран синоќа, вети заздравување на економијата, спас на банките во земјата кои се соочуваат со финансиски проблеми и избегнување на меѓународен план за спас.