Published: Wednesday, November 4, 2015 10:42
Еден ден после протестите во Букурешт, премиерот на Романија, Виктор Понта поднесува оставкa, јавуваат романските медиуми.
Тој поднесува оставка после масовните протести во кои се бараше оставката на целата влада поради инцидентот во кој 32 загинаа во ноќен клуб.
Оваа година, Виктор Понта поднесе оставка и од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување.




