Published: Wednesday, November 4, 2015 10:50
Најмалку 40 луѓе загинаа утрово по падот на руски товарен авион во главниот град на Јужен Судан. Несреќата ја преживеале член на екипажот и едно дете, пренесува Ројтерс.
Во авионот имало околу 20 лица заедно со членови на екипажот. Останатите загинале по падот на авионот. Авионот се урнал кратко по полетувањето.
Како што рекле очевидци за Ројтерс, опашот и други делови на авионот биле расфрлени по должината на брегот на реката Бел Нил, во близина на аеродромот во главниот град Џуба.
Сите членови на екипажот се државјани на Русија. Меѓу жртвите има и една жена и деца.




