НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и годинава ќе биде рекордер по смртност на новороденчиња

0
By Менче Атанасова Точи on November 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во Македонија се зголемува стапката на смртност на родилки и доенчиња. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња до седмиот ден изнесува 14.3 и е највисока од сите земји на ЕУ, односно тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2.

Во исто време се зголемува и стапката на смртност на доенчиња до една година возраст. За споредба, стапката на смртност во Србија е 8.9, во Хрватска е 5.7 во Турција 10.2.

Со ова државата и годинава очигледно ќе биде водечка во Европа по смртност на новороденчиња, место кое го држи во последните пет години.

Бројката на јавно достапни случаи на смрт на родилки и бебиња годинава во Скопје, Гевгелија, Тетово укажува дека ситуацијата нема да биде подобрена, предупредуваат во Платформата за родова еднаквост која опфаќа 21 невладина организација.

„Поразителен е фактот што токму во периодот на имплементација на Стратегијата на безбедно мајчинство од 2010 година, смртноста на доенчињата се зголемува од 7.5 во 2011 на 9.9 во 2014 година. Најголемо зголемување на смртност на доенчиња во последните пет години имало во 2012 година кога само за една година бројот на починати доенчиња се зголемува за 25.2 процент, во споредба со претходната година, а бројот на живо родени се зголемил само за 3.4 проценти“, изјави Марија Башевска од Реактор, платформа за родова еднаквост.

Како причина за ваквата катастрофална состојба од Платформата го наведуваат недостигот на матични гинеколози во внатрешноста и немање на родилишта, кои постепено се затвораат во помалите општини.

Како најдрастичен пример е посочена општина Шуто Оризари каде жените цели осум години немаат матичен гинеколог. Доколку успеат да изберат матичен гинеколог надвор од општината гинеколозите им наплаќаат незаконски за ПАП тестови, ЕХО и прегледи.

Дури 41 процент од жените изјавиле дека платиле од 150 до 500 денари и 31 процент платиле од од 300 до 500 денари за нешто што им следува бесплатно.

Незаконската наплата од страна гинеколозите е проблем кој државата мора под итно да го санкционира, велат оттаму.

Министерот Тодоров вчера изјави дека и покрај казните од страна на Фондот, не може да изнајде решение за овој проблем.

Овој проблем го препозна Комитетот за човекови права при ОН и ја прашува државата како мисли да се справи со овој проблем, особено во делот на сиромашните и маргинализираните групи.

„Поради ова жените ги избегнуваат гинеколошките прегледи. Институциите имаат обврска да ги тргнат овие пречки на кои граѓанските организации постојано укажуваат“, рече Елизабета Божиновска од ХЕРА, Платформа за родова еднаквост.

Од Платформата предлагаат Фондот да најде решение во ситуација кога казните не даваат резултати. Да се зголеми бројот на специјализациите за да се намали недостигот од гинеколози, да се стимулираат со одредени мерки постоечките, да се укине партиципацијата за жените надвор од матичните гинеколози во секундарно и терцијално здравство.

„Ние неколку пати побаравме одговорност од министерот за здравство и сите одговорни чинители во овој процес“, изјави Савка Тодоровска од Платформата за родова еднаквост.

Нивните препораки се новата Стратегија за безбедно мајчинство да се базира на квалитетни статистички податоци и докази од терен за да се детектираат слабостите и соодветно да се реагира. Да се зголеми буџетот за оваа намена, да се зголеми бројот на специјализациите за да се намали недостигот од гинеколози, да се најде решение за незаконската наплата и да се укине партиципацијата за жените надвор од матичните гинеколози во секундарно и терцијалното здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.