Пратениците на парламентот во Словенија донесоа одлука на 20.декември да одржат референдум за истополовите бракови.
Иницијативата е на конзервативната група која ја има поддршката на католичката црква во земјата.
Групата „Децата се во прашање“ успеала да собере 40.000 потписи, потребни за одржување на референдумот. Тие се против сегашната дефиниција за бракот во законот, кој вели “се работи за заедница во која двајца возрасни стапиле доброволно“.
Според конзервативците, овој брак им дозволува на хомосексуалците да посвојуваат деца.
Од друга страна поддржувачите на овој закон, велат во прашање се човековите права кои никако не смеат да се одлучуваат на референдум.
Сепак, пратениците одлучија овој референдум да се одржи, гласајќи го со 69 гласа „за“ и 11 „против“.




