Врз основа на правата за лична слобода, Врховниот суд во Мексико одлучи дека одгледувањето и употребата на марихуаната за лични потреби е дозволена. Судот не одобрува продажба на марихуана.
За општата легализација на марихуаната и понатаму се водат кампањи од организации и друштва кои поднесоа неколку петиции кои се уште се разгледуваат од страна на властите во Мексико.
Според судијата Артуро Салдивара, еден од поддржувачите на легализацијата, споредена со другите психотропни супстанции, марихуаната нема тешки последици за здравјето за да се оправдаат аргументите дека таа треба да биде забранета.
Агенцијата Тас наведува дека, според резултатите на истражувачкиот центар на Парламентот, добиени во мај 2014 година, околу 70 отсто од Мексиканците биле против легализација на марихуаната.




