Published: Thursday, November 5, 2015 11:43
Министерот за образование на Романија, Сорин Кимпеану е назначен за привремен премиер на земјата по оставката на Виктор Понта, јавуваат медиумите од Романија.
– Ја прифатив оставката на премиерот Понта и решив да го именувам Сорин Кимпенау за привремен премиер. Веќе ги потпишав двете решенија, изјави претседателот на Романија, Клаус Јоханес, додавајќи дека денеска и утре ќе одржи консултации со политичките партии во врска со изборот на нов премиер.




