Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Cinedays 14 со богата програма, како спротивност на задушениот јавен простор

0
By Нова ТВ on November 5, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 5, 2015 13:16

Годинешниот филмски фестивал Cinedays со над стотина проекции на филмови денеска е најавен од страна на организаторите како спротивност на реалните шоуа, парадата, фанфарите, китењата, полуписмените старлети, политикантските и медиумските барбики – окупатори на сиот јавен простор.

Филмови како и претходниот концепт, селектирани се во неколку програми, Официјална програма, СинеБалкан, Гала Програма, Музички документарци, Летонски и Македонски кратки филмови, а организирана е и богата придружна програма од работилници, концерти и панел дискусии.

На менито на Гала програмата, се најнаградуваните и најпознатите режисери во 2015 година: Томас Винтерберг со „Далеку од безумната толпа“, Сузан Биер со „Втора шанса“, Паоло Сорентино со „Младост“, Матео Гароне со „Приказна над приказните“, Александар Сокуров со „Франкофонија“, Никита Михалков со „Сончаница“, Вим Вендерс со „Сè ќе биде во ред“ (во 3D), Нани Морети и „Мојата мајка“, Гаcпар Ное и контроверзниот „Љубов“, како и редовниот гостин Вуди Ален со неговиот последен филм „Ирационален човек“.

Гости на Cinedays годинава ќе бидат главните актери од годинешниов кански победник „Дипан“ на култниот Жак Одијар.

Cinedays оваа година ќе го отвори филмот на македонскиот режисер, Дарјан Пејовски и неговиот „Три дена во септември“, филм што е во селекција за една од наградите во Официјалната програма.

„Во Официјалната програма и програмата СинеБалкан ќе бидат прикажани филмови на млади режисери за кои слободно може да се рече дека се дел од иднината на европската кинематографија. Во овие селекции, имаме гости од секој филм, кои ќе и бидат достапни на публиката за разговор по проекцијата. Новитет е и воведувањето на финансиски награди за најдобрите филмови, што подобро нè позиционира како сериозен фестивал во европски рамки. На Cinedays ќе се случи и Меѓународна панел дискусија на темата: Миграции, со професори по социологија, политички науки и филм од регионот и Европа, на која ќе се дискутира за актуелните прашања поврзани со напливот на емигранти од блискиот Исток. Темата не е филмска, но е актуелна, а Cinedays како ангажиран фестивал треба да поставува прашања“, вели Маргарита Арсова, координатор на фестивалот.

На менито со егзотични филмови, ќе има специјална селекција на индиски и ирански филм.
Поттикнати пак од 40-годишнината од контроверзната смрт на Пјер Паоло Пазолини, во рамки на фестивалот ќе се прикаже и омаж на неговите филмови, но и дебата со повеќе професори од Европа, филмски експерти и теоретичари за ликот и делото на овој култен режисер.

Cinedays 14 има и богата понуда на музички документарци, а и богата придружна програма на музички настани.

„Филмскиот мегахит за прерано починатата Еми Вајнхаус, кој веќе ги полни кино салите ширум светот, „Страста и звукот во Западен Берлин 1979-1989“ – филм, кој музички ја опишува последната декада во овој град пред конечното паѓање на ѕидот, имаме и светска премиера на филмот за македонската хип хоп сцена насловен „Сложувалка“, потоа последниот документарен филм посветен на култната музичка група Morphine, насловен како „Патување од соништа“, гледан низ призмата на двајцата преостанати членови од бендот. Куриозитет е филмот „Кучешко срце“,концептуален филм на големата Лори Ендерсон кој ќе го прикажеме веднаш по премиерата на фестивалот во Венеција во септември. Следуваат филмовите „Денови на салатата“, филм за панк сцената во осумдесеттите години во Вашингтон, филмот „Копирањето како применета уметност“ за една од најголемите субверзивни „акции“ на словенечкиот арт-колектив NSK од Словенија, кои во 1987 предизвикале мега скандал со дизајнот за постерот по повод „Денот на Младоста“, вели Владица Младеновски – Грга, музички уредник на фестивалот.

Британски тек хаус диџеј Тери Френсис настапува на 13 Ноември, легендарниот хип хоп артист Диџеј Премиер е на 16 ноември, а за љубителите пак на инди-рок музиката, во програма е и концерт на монтреалскиот дистописки арт-панк колектив SUUNS и Jerusalem in my Heart.

Во рамките на активната страна на фестивалот, ќе се одржи и работилница за развој на сценарија, од наградуваниот консултант и сценарист Роелоф Јан Минебо, како и предавање од проф. Вилијам Браун (Универзитет Рохемптон, Лондон) за умешноста на снимање на филм без буџет. Покрај истите, ќе се одржи и работилница посветена на ориенталната музика во филмот од проф. Берак Таранч (Универзитет Докуз Ејлул , Турција) како и предавање на проф. Сали Салији на вечната тема – филмската уметност и консумеристичкото општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.