Илјадници демонстранти носејќи ја популарната маска на Гај Фокс (V for Vendetta) вечерва протестираа низ улиците на Лондон. Како што ги опишуваат англиските медиуми, анти-капиталистичките анархисти вечерва запалиле и возила на полицијата.
Со шишиња, фишеци и запаливи материјали, демонстрантите протестирале пред Бекингам Палас и пред киното каде вечерва се прикажувала премиерата на новото продолжение од филмската франшиза „Hunger Games“.
На други локации пак, полицијата привела неколку од нив, бидејќи протестите станале насилни, со тоа што биле оштетени возила и биле исфрлени димни бомби.
Според британски Телеграф, 29 луѓе биле уапсени а тројца припадници на полицијата завршиле во болница.
Протестите се случиле веднаш откако Анонимус, хакерската група, предупредиле со зборововите „Полицијата не ти е пријател“.
Минатата година, на овие протести присуствуваа и актерот и шоумен Расел Бренд како и Вивиен Вествуд, кои ја дадоа поддршката точно на 5.ноември.



