Published: Friday, November 6, 2015 10:38
Британски разузнавачи откриле докази кои упатуваат на тоа дека во рускиот патнички авион што се урна во саботата во Синај била прошверцувана темпирана бомба.
Овие тврдења тие ги темелат на докази за наводен заговор откриен при преслушувањето на разговори што претходеле на трагедијата што се случи на 31 октомври. Ова било причина британски експерти да заминат во Шарм ел Шеик на проверка на безбедноста на аеродромот.
>> Путин ќе мора да се соочи со рускиот народ доколку авионот го урна ИСИС
Египетските и руските власти побарале од официјален Лондон да ги сподели со нив овие разузнавачки податоци, а во меѓувреме Кремљ побара да не се шпекулира со причините за несреќата во која загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.




