Иако се борат со вооружени групи кои не поседуваат сопствена воена авијација, и Русите и Американците пратија оружје кое служи за борба со непријателски авиони, пишува угледниот „Тајм“.
Во написот се потсетува дека САД на барање на Анкара испратиле шест авиони „Ф-12Ц“ кои служат за борба со непријателски авиони, за како што се наведува во соопштението на американската авијација, обезбедување на турскиот воздушен простор. Весникот коментира дека иако тие официјално се само како поткрепа на патролите во турскиот воздушен простор, голема е шансата дека ќе ги штитат авионите на САД кои ги бомбардираат положбите на Исламската држава во Сирија. Во меќувреме, руски генерал пак изјави дека во Сирија ќе биде испратен противавионски ракетен систем за да се предупреди на секаков вид закана.
Според американскиот магазин, во такви услови, најмногу загрижува фактот дека обете врсти оружје не служат за борба против исламистите. Додека руската воздушна моќ е насочена кон запоадна Сирија, американските бомбардери се концентрирани на северот и истокот на земјата. Тајм смета дека притоа се можни грешки во пресметките и во планирањето на операциите кои би можеле да додевадт до несогледлива трагедија.




