Претседателите на Кина и Тајван денеска се сретнаа на историски состанок што се смета за прв дипломатски дијалог по повеќе од 60 години.
Средбата на Кси Џинпинг и Ма Јинг Јеу се случи на неутрален терен, во Сингапур, без никакви државни обележја.
„Денес е историски ден. Овој состанок на лидерите на Тајван и Кина ја отвораат вратата кон едно ново поглавје и ќе остават трага во историјатаЌ, изјави кинескиот претседател по средбата која се одржа зад затворени врати.
„Сигурно ве интересира каква беше атмосферата? Можам да ви кажам многу позитивна и пријателска“, изјави тајванскиот претседател.
Средбата иако е означена како „симболична“, односите меѓу Кина и Тајва се комплицирани. Заднината на судирот датира од 1949 година, откако Комунистичката партија го победи националиситичкиот Куомитанг, чии членови нашле засолниште токму во Тајван, каде воспоставиле и нов центар на моќ.
Оттогаш до денес, трае обидот на Пекинг овој остров да го врати под територијална контрола на Кина. Од друга страна Тајван е западно ориентиран, ососбено по првите демократски избори во 2000-та.




