Конзервативната ХДЗ освои мнозинство гласови на изборите кои се одржаа вчера во Хрватска и обезбеди 59 мандат. Владеачката СДП на премиерот Зоран Милановиќ и нејзините партнери освоија 56 места во Парламентот, а трета политичка сила по овие парламентарни избори во Хрватска ќе биде независната листа Мост, со 19 пратеници. Ниту еден од двата блока не е во моќност да состави нова влада.ираат влада без поддршка на новоформираната Мост.
Премиерот и лидер на СДП веќе ги повика Мост „заедно да прават реформи“, не признавајќи го поразот:
„Една работа е јасна – Хрватска одлучи дека нема враќање на старото. Во овие четири години покажавме дека сме луѓе, дека создадовме организирана држава што ги штити своите граѓани. Сами не можеме, ни требаат партнери. Ги канам сите што сакаат реформи да ни се придружат. Не поставуваме услови, сакаме да разговараме. Сега гледаме дека се појави Мост и сака реформи. Ги канам да ги направиме заедно!“, изјави Милановиќ.
Поранешниот прв разузнавач на Хрватска сега лидер на ХДЗ Томислав Карамарко изрази уверување дека неговата партија ќе ја предводи новата влада.
Две третини од граѓаните се одлучија за промени. Не знаев дека 53 е поголем број од 61, но гарантирам дека разликата уште ќе се зголемува“, изјави Карамарко. И тој, иако конкретно не ја спомна Мост, рече дека е отворен за коалицирање:
„Кој и да е подготвен со нас да се бори за подобра Хрватска, е добредојден“, рече Карамарко.
Лидерот на Мост Божо Петров по објавата на резултатите не одговори на ниту една од понудите и изјави дека нивниот успех ќе биде во функција на неопходните промени во Хрватска.




