Published: Wednesday, November 11, 2015 12:10
Повеќе од 930 летови се откажани, а над 10.000 патници се заглавени на аеродромите, поради штрајкот на персоналот на германската авиокомпанија Луфтхаза.
Штрајкот започна во петокот минатата недела и според најавите же трае до петок, за кога се закажани разговори на синдикатот со менаџментот на компанијата, околу тарифите на стјуардите и стјуардесите, за предвремени пензии и за отпремнини, проблеми што се провлекуваат веќе две години.
Со штрајкот е погодена само Луфтханза, но не и нејзините фирми ќерки, како Јуровингс, Остријан ерлајнс, Ер Доломити и Бруселс ерлајнс.




