Published: Thursday, November 12, 2015 11:16
Турската полиција минатата ноќ упаднала во просториите на главниот опозициски весник „Заман“. Инспектори и адвокати ја „чешлале“ зградата на весникот додека вооружената полиција го обезбедувала местото.
Според весникот, овој претрес во телевизијата е закана за слободата на медиумите. Тие тврдат дека целта на полицијата се медиумите кои се поврзуваат со свештеникот Фетулах Гулен, кој живее во САД но важи за еден од најголемите непријатели на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Адвокатите на „Заман“ велат оваа операција е противзаконска и срамна а се одвива во време кога фокусот е вперен кон Турција.
Активистите за човекови права сметаат дека ова е удар врз критичките медиуми кон власта.




