НБРМ проектираше нов раст поради неповолното опкружување за извоз на метали и неизвесноста во домашната економија.
БДП-то е ревидирано од 4.1 на 3.2 проценти за оваа година а гувернерот Димитар Богов очекува солидно закрепнување на економијата.
Новите проекции за во 2016 се очекува да бидат 3.5 отсто додека за 2017 растот на економијата е проектиран на 4 отсто. Од НБРМ очекуваат растот да произлезе од извозот и инвестициите а покрај нив и приватната потрошувачка.
Корекции претпреа и проекциите на инфлацијата – новите проценки се 0 отсто во 2015 и 1.5 отсто во 2016.