НБРМ од следната година ќе воведе мерки со кои банките ќе ги заострат условите за потрошувачки кредити, а ќе се стимулираа кредитирањето на стопанството и стамбените кредити.
Гувернерот Димитар Богов вчера изјави дека кредити треба да добиваат оние граѓани што можат да ги отплаќаат, но не наведе кои мерки во НБРМ би биле воведени.
Според последните податоци, граѓаните должат над 1 милијарда евра по основ на потрошувачки кредити и кредитни картички.