Published: Friday, November 13, 2015 22:31
Најмалку 35 луѓе загинаа, а седум други се повредени во пукање во центарот на Париз доцна во петок, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата била пред еден ресторан во 10-тиот арондисман, каде што се случил инцидентот.
Еден сведок изјавил за СНН дека пожарникарите биле на местото на настанот, за третман на повредените.
Истовремено три експлозии се случиле во близина на парискиот стадион каде што се одвивал пријателска фудбалски натпревар помеѓу Франција и Германија. Има информации дека има и заложници во друга област.
Гледач на натпреварот бил и францускиот претседател Франсоа Оланд кој веднаш бил евакуиран од безбедносните служби.
Засега нема доказ дека двата настани се поврзани.




