Досега познати факти за терористичкиот напад во Париз
Најмалку 120 лица загинаа и 200 од кои 80 лица се посериозно повредени во терористичките напади кои се случија вчера вечер во Париз.
Нападите беа извршени во исто време на шест локации во Париз.
Најголемиот број на жртви е пројавен во концертната сала Батаклан. Два напади беа извршени во непосредна близина на Стадионот на Франција каде во моментот на нападите се наоѓаше францускиот претседател Франсоа Оланд кој го следеше фудбалскиот меч меѓу екипите на Франција и Германија. Три нападни симултано беа изведени во три ресторана во 10 и 11 арондисман на Париз.
Осуммина од напаѓачите се убиени а полицијата трага по останатите како и по нивните сорабо9тници. Седуммина од терористите се самоубија активирајќи го експлозивниот појас кој го носеле.
Франција прогласи вонредна состојба и на жителите на Париз им препорача да останат во своите домови. Денеска во Париз се затворени сите јавни места.
“Ние ќе ја предводиме војната која ќе биде безмилосна. Ако терористите се способни да извршат вакви ѕверски злосторства треба да знаат дека ќе се соочат со одлучна Франција, обединета Франција која нема да дозволи да биде разнишана и покрај тагата која денеска ја доживуваме” изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд.




