Published: Saturday, November 14, 2015 13:29
Северниот терминал на лондонскиот аеродром Гетвик претпладнево е евакуиран, откако бил пронајден сомнителен предмет, објави Индепендент.
Стотици патници биле изнесени надвор од аеродромската зграда, како мерка на заштита.
Очевидци за весникот изјавуваат дека полицијата уапсила маж, кој наводно имал пиштол во торбата. Портпаролот на полицијата во областа Сасекс за весникот ги потврдил информациите за евакуацијата поради сомнителен предмет, но н и за наводното апсење.
На социјалната мрежа Твитер, синоќа се појави хаштаг на арапски јазик, под кој неидентификувани лица објавуваа информации дека по Париз, следни цели на ИСИС се Рим, Вашинготн и Лондон.




