Француската полиција објави фотографија на Белгиец чие име е Абдеслам Салах, кој го поврзуваат со терористичките напади во Париз.
Дваесет и шест-годишниот Салах е опишан како “опасен“, полицијата бара податоци доколку некој го има забележано, но предупредува никој да не му се доближува.
Седумина напаѓачи-камикази починаа на лице место, а од нив двајца живееле во Белгија.
Според францускиот министер за внатрешни работи, нападите биле планирани од група која отседнувала во Белгија а соработувала со соучесници од Франција.
Во Франција се одвива тридневден ден на жалост за 129-те жртви убиени во ресторани, во концертната сала „Батаклан“ и на фудбалскиот стадион во главниот град на земјата.
Некои од стотиците повредени, се уште се борат за својот живот.




