Еден од публицистите на групата Eagles of Death Metal’s, Ник Александар беше помеѓу првите жртви на масакарот за време на концертот на групата.
Александар е помеѓу 129-те загинати. Тој имаше 36 години.
Освен соработката со бендот кој настапи ноќта за време на крвавите терористички напади, Ник Александер работел и на турнеите на Sum 41, Panic! at the Disco и за Black Keys.
.jpg)
Во посвета на Фејсбук за Александер се јави и бендот Alice in Chains:
– Нашиот поранешен соработник Ник Александар е еден од жртвите од неверојатното насилство во Париз вчера. Ник беше одлично момче и прав професионалец. Чест и задоволство беше да се работи со него, пишува бендот во својата објава.
Александар беше помеѓу првите идентификувани жртви во напади за кои одговорност презеде ИСИС.




