Специјалните сили на Велика Британија денеска се распоредени на некои од позначајните и прометни места во Лондон, како одговор на нападите кои се случија во францускиот главен град Париз во кој загинаа околу 130 луѓе.
Луѓето во Париз беа масакрирани по ресторани и барови, во концертна сала и на фудбалскиот стадион.
Според истрагата на полицијата, двајца од бомбашите-камикази имале сиријски и египетски пасош, двајца други имале француски, за останатите се верува дека поседувале белгиски пасоши.
.jpg)
Проценките на Велика Британија покажуваат дека двојно поголем е бројот на Британци-џихадисти кои се враќаат периодов во земјата ако се знае дека околу 250 се вратиле неодамна во Франција од Сирија.
Безбедносните и разузнавачките служби на Кралството како осомничечни во својата листа, неофицијално водат околу 2.000 луѓе кои се поврзуваат со џихадот.
Засилено е обезбедувањето и на границата меѓу Германија и Франција.
.jpg)




