51-годишен државјанин на Црна Гора се наоѓа во притвор во Баварија, јужна Германија, под сомневање за обид за снабдување оружје и експлозиви за терористите во Париз, соопшти полцијата во Минхен.
Црногорецот бил запрен со Голф со црногорски регистарски таблички во близина на границата австриско германската граница на 5-ти ноември. Во колата биле пронајдени повеќе парчиња автоматско оружје, 200 грама на динамитот, рачни гранати и муниција сокриена во каросеријата на автомобилот.
Испитување извршени на неговиот мобилен телефон GPS систем во негивиот автомобил посочуваат дека уапсениот бил на пат кон Париз.
“Некој кој превезува неколку калашникови, рачни бомби и експлозиви би можел да биде од сериозна криминална мрежа. Постојат причини за сомневање дека се работи за терористички намери, или некое снабдување оружје на терористите”, рече Јоахим Херман, баварскиот министер за внатрешни работи.
Баварската полиција интензивно истражува заедно со француските власти дали Црногорецот има врска со настаните во Париз.




