Либанските власти уапсија 11 луѓе, повеќето Сиријци за бомбардирањата во Бејрут во кои загинаа 44 луѓе.
Министерот за внатрешни работи на Либан соопшти дека уапсени се осум Сиријци и тројца Либанци.
Одговорноста за нападите во Бејрут ја презеде Исламската држава, која исто така тврди дека стои зад терористичките напади во Париз.
Експлозиите во Либан се случија на прометни места, од кое едно важи за седиште на шиитското движење Хезбола, иако главната цел на терористите, како што покажа истрагата, била болница.
Сите поддржувачи и оперативци биле уапсени по 48 часа откако се случиле експлозиите, вели либанскиот министер.
Првичниот план на напаѓачите им бил да испратат петмина камикази-бомбаши во болница, но поради големото обезбедување ја промениле целта.




