Published: Monday, November 16, 2015 14:10
Исламската држава преку видео порака им се закани на земјите кои учествуваат во воздушните напади на Сирија дека ќе ги снајде истата судбина како и Франција, притоа посебно заканувајќи се со напади врз Вашингтон.
Лицето на видео пораката вели дека и административниот центар на САД ќе настрада од раката на Исламската држава, исто како и центарот на Франција. Според Ројтерс, засега не е официјално потврдена автентичноста на пораката.




